Во првиот натпревар од 13.коло од Серија А попладнево во Торино шампионот Јувентус го пречекува тимот на Лацио, а дербито се игра во Неапол каде Наполи за кој настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев го пречекува Милан. Настапот на Пандев е неизвесен поради повреда.
Утре се играат натпреварите: Катанија – Киево, Интер – Каљари, Сиена – Пескара, Удинезе – Парма, Болоња – Палермо, Фиорентина – Аталанта (почеток 15 часот) и Сампдорија – Џенова (20 часот и 45 минути).
Последниот натпревар од ова коло Рома – Торино се игра в понеделник од 20 ќасот и 45 минути.
Табела: Јувентус 31 бод, Интер 27, Наполи 26, Фиорентина 24, Лацио 22, Аталанта 18, Рома 17.