Јувентус го доби дербито против Наполи

Од:

Екипата на Јувентус го доби дерби дуелопт против Наполи во рамките од 11.коло на фудбалското првенство на Италија.

Актуелниот шампион Јувентус ја искористи предноста на домашниот терен и го совлада Наполи со 2:1. Стрелци на головите за „старата дама“ беа Леонардо Бонучи (50-минута) и екс фудбалерот на Наполи, Гонзало Игуаин (71), додека голот за гостите го постигна Хосе Марија Калехон (54).

Во првиот натпревар од ова коло Фиорентина како гостин ја победи Болоња со 1-0 .

Денеска на програма се натпреварите: Аталанта – Џенова, Милан – Пескара, Кротоне – Киево, Емполи – Рома, Лацио – Сасуоло и Сампдорија – Интер.

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со дуелите, Удинезе – Торино и Каљари – Палермо.

Табела: Јувентус 27 бод, Рома 22, Наполи 20, Милан 19, Лацио 18, Аталанта 16, Фиорентина 16…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска