Јувентус финалист во италијанскиот куп

Од:

Екипата на Јувентус е првиот финалист во италијанскиот куп откако синоќа во реванш полуфиналето ја совлада Фиорентина на нејзин терен со 3:0.

Со оваа победа Јувентус ја анулираше негативата од првиот дуел кога на домашен терен загуби со 2:1.

Головите за Јувентус ги постигнаа: Алесандро Матри (21.минута), Роберто Перејра (44) и Леонардо Бонучи (59). Јувентус натпреварот го заврши со десет играчи бидејќи Алваро Мората доби црвен картон во 87.минута.

Во второто полуфинале вечерва играат Наполи и Лацио. Првиот дуел на овие два тима заврши без победник 1:1. 

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска