Јувентус домаќин на Наполи во првиот полуфинален дуел во „Копа Италија“

Од:

Во фудбалскиот Куп на Италија денеска и утре ќе се одиграат првите полуфинални натпревари.

Бранителот на трофејот и актуелен шампион Јувентус, екипа која е освојувач на „Копа Италија“ во последните две сезони, ја пречекува екипата на Наполи, која за последен пат триумфира во ова натпреварување пред три години.

Овие два тима сезонава ги одиграа двете првенствени средби, во кои победи остварија фудбалерите на Јувентус со 3-1.

Вечерашниот натпревар меѓу Јувентус и Наполи ќе започне во 20 часот и 45 минути, термин во кој утревечер ќе се игра вториот полуфинален меч, во кој за место во финалето ќе се борат римските градски ривали Рома и Лацио.

Реванш полуфиналните средби на програмата се на 5 април, додека финалето е закажано на 2 јуни и тоа на „Олимпискиот стадион“ во Рим.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска