Фудбалерите на Јувентус на шест кола пред крајот на првенството во Серија А се наоѓаат многу блиску до одбрана на шампионската титула. Тие синоќа на гостувањето во Рим го совладаа Лацио со 2:0 и ја зголемија предноста пред второпласираниот Наполи на 11 бодови.
Творец на победата на „Олимпико“ беше Артуро Видал кој ги постигна двата гола за гостите од Торино. Првиот во 8.минута од пенал, а вториот дваесет минути подоцна.
По овој пораз „лацијалите“ се наоѓаат на 6.место со ист број бодови колку и градскиот ривал Рома.
Постигнати резултати на другите средби од 32.круг во Италијанското фудбалско првенство: Палермо – Болоња 1:1, Каљари – Интер 2:0, Киево – Катанија 0:0, Џенова – Сампдорија 1:1, Парма – Удинезе 0:3, Торино – Рома 1:2, Пескара – Сиена 2:3, Аталанта – Фиорентина 0:2 и Милан – Наполи 1:1.
Табела: Јувентус 74 бодови, Наполи 63, Милан 59, Фиорентина 55, Рома 51, Лацио 51, Интер 50, Удинезе 48,…