Јувентус без Вучиниќ во дербито против Милан

Од:

Фудбалерите на Јувентус во дербито од седмото коло на Серија А вечерва ќе го дочекаат Милан, но во тој натпревар ќе бидат без помошта на 30-годишнот црногорски напаѓач Мирко Вучиниќ.

Тој во ремито против Галатасарај (2-2) во Лигата на шампионите мораше да излезе од игра уште во 26-тата минута од натпреварот, а италијанскиот „Скај спорт“ известува дека прегледите покажале истегнување на бутниот мускул на десната нога. Во овој момент сè уште не е познато колку ќе паузира Вучиниќ.

Вучиниќ оваа сезона одигра пет натпревари и постигна еден гол.

Под знак прашалник е и Стефан Лихтштајнер, кој, исто така, поради повреда на мускулот, порано ја напушти играта против Галатасарај.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска