Јувентус ја освои титулата без да игра

Од:

По поразот на Рома од Катанија во 36.коло од Серија А, Јувентус ја освои титулата шампион на Италија. Рома загуби на гостувањето кај Катанија со 4:1. Фудбалерите на Удинезе и Ливорно одиграа ефикасен натпревар, а победа од 5:3 славеше домаќинот. Седум голови беа постигнати во првиот дел и притоа домаќинот нереализира и пенал.

Резултати од денешните натпревари од 36. коло: Катанија – Рома 4:1, Киево – Торино 0:1, Џенова – Болоња 0:0, Парма – Сампдорија 2:0 и Удинезе – Ливорно 5:3.
Вечерва се игра натпреварот на двете екипи од Милано, Милан – Интер.

Утре се играат натпреварите Лацио – Верона и Јувентус – Аталанта, додека дуелите на финалистите од националниот куп: Фиорентина – Сасуоло и Наполи – Каљари се играат во вторник.

Табела: Јувентус 93 бодови, Рома 85, Наполи 69, Фиорентина 61, Интер 57, Торино 55, Парма 54, Лацио 52, Верона 52,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска