Јувентус бара 120 милиони евра за да го пушти Погба

Од:

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус е подготвен да го пушти својот најдобар играч Пол Погба во Реал Мадрид за сума од 120 милиони евра, пренесува шпанска „Марка“.

Европскиот првак Реал веќе ги договорил личните услови со Французинот според кои Погба ќе заработи 40 милиони евра за пет години, додека преостанатиот и потежок дел, договорот со Јувентус останува неизвесен.

Останува да се види одговорот на Реал дали е подготвен да исплати толкава сума за обештетувањето кое го бараат Италијаните за предвремен раскин на договорот на својот играч.

Во случај да го обезбеди Погба, Реал најверојатно ќе го ослободи од обврските Тони Крос.

Пол Погба пред четири години дојде во Јувентус како слободен играч од Манчестер Јунајтед и се промовира во еден од најдобрите светски фудбалери од средниот ред.

Би можело да ве интересира

Дебакл на Јувентус – Влаховиќ промаши пенал

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Спектакуларна промоција на Мбапе пред 80 илјади навивачи на Реал Мадрид

Килијан Мбапе потпиша за Реал

(ВИДЕО) Реал е неприкосновениот „крал“: 15 титула во Лигата на шампионите

Крос се прости од навивачите на Реал и заплака: Се држев, но тоа ме дотепа

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ