Јуве трие раце: Само бод за Интер против Калјари

Од:

Нов кикс на фудбалерите на Интер во Серија А што оди во прилог на Јувентус. По минатонеделниот кикс (1:1) против Лече, „нероазурите“ попладнево одиграа 1:1 и против Калјари во меч од 21. коло во италијанскиот шампионат.

Лаутаро Мартинез во 29. минута обезбеди водство за тимот на Антонио Конте, што го поништи Раџа Најнголан во 78. минута.

Интер е втор на табелата со 48 бода, четири помалку од Јувеннтус кој вечерва во една од двете дерби средби на 21 рунда ќе гостува кај Наполи. Од 18 часот, пак, на „Олимпико“ во Рим ќе играат Рома и Лацио.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска