Јута му понуди на Донован Мичел максимален договор вреден 170 милиони долари

Од:

Sвездата на Јута Џез, Донован Мичел ќе потпише максимален договор со неговиот сегашен клуб веднаш штом ќе се отвори преодниот рок во НБА лигата во октомври, пренесува „Јау спортс“.

Дваесет и три-годишниот стрелец ја заврши третата година од неговиот дебитантски договор во вредност од 14 милиони долари, а со новиот договор, раководството на Јута ќе инвестира околу 170 милиони долари во него во следните пет сезони.

Мичел имаше просек од 24,0 поени, 4,4 скока и 4,3 асистенции на 69 натпревари од регуларниот дел од сезоната, а во четвртфиналната серија против Денвер Нагетс беше незапирлив – 36,3 поени, 5,0 скока и 4,9 завршни додавања со 52,5 отсто прецизност од шут од поле, 51,5% од тројка и 94,8% од линијата за слободни фрлања на седум натпревари.

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски