Со поразот од Копер Приморска од 82:87, јуниорскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром за кошаркари до 19 години, остана без пласман на финалниот турнир во јадранската лига.
На младите „штркови“ им требаше победа против Словенците, но не успеаја да ја извојуваат, па го освоија третото место во својата група, која се играше во Задар, а на завршниот турнир одат најдобрите две (Црвена звезда и Копер Приморска).
Кај МЗТ кој на мечот со Приморска даде 12, а прими 15 тројки, се истакнаа Митевски, Исајлоски, Орлов и Андоноски, потпомогнати од Кацарски и Карталовиќ.