Јуниорите со пораз и победа се враќаат од Австрија

Од:

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија одигра двомеч против Австрија кој е последен во низата на пријателски натпревари во рамки на подготвителниот период.

Избраниците на Ѓорѓи Кочов го загубија првиот натпревар во Виена со 89-63 (31-18, 13-17, 23-14 и 22-14) додека на вториот натпревар запишаа убедлива победа од 60-75 односно 13-16, 20-16, 17-26 и 10-17 по периоди.

Јуниорите денес се враќаат во Скопје каде од утре ќе продолжат со подготовките кои водат до Европското првенство (Дивизија Б) кое ќе се одигра во Талин, Естонија во периодот од 29 јули до 6 август.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он