Јуниорскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром, триумфираше против црногорски Морнар во првото коло на АБА лигата за кошаркари до 18 години.
Македонските кошаркарски таленти предводени од тренерот Горан Крстевски, на турнирот во Задар го победија Морнар со 82:73, по продолжение од пет минути, откако во регуларниот дел, мечот заврши 66:66.
Виктор Исајловски, Дарио Митевски и Љубиша Димитровски беа најзаслужни за победата. Утре јуниорите на МЗТ имаат два меча, и тоа против домашниот Задар, и силната Црвена звезда. Потоа следуваат мечеви и со Цедевита Олимпија и Приморска. На завршницата одат двете најдобри од групата.