Јунајтед влезе во серија и се искачи на третата позиција

Од:

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја забележаа петтата победа по ред и избија на третото место во англиската Премиер лига. Тие синоќа на гостински терен го совладаа Саутемптон со 2:1 најмногу по заслуга на Робин ван Перси кој погоди во 12. и 71. минута.

Голот за домаќините беше дело на Грацијано Пеле во 31.минута.

Со новите три бода тимот предводен од Луј ван Гал полека фаќа приклучок со водечките две позиции кои пред 5-6 кола изгледаа недостижни.

Во текот на викендот се одиграа другите дуели од 15.коло: Вест Хем – Свонси 3:1, Астон Вила – Лечестер 2:1, Њукасл – Челзи 2:1, Хул – ВБА 0:0, Ливерпул – Сандерленд 0:0, КПР – Барнли 2:0, Стоук – Арсенал 3:2, Тотенхем – Кристал Палас 0:0 и Манчестер Сити – Евертон 1:0.

Табела: Челзи 36 бодови, Манчестер Сити 33, Манчестер Јунајтед 28, Вест Хем 27, Саутемптон 26, Арсенал 23,…

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска