Јунајтед сака Бејл да го има на отворањето на сезоната

Од:

Англискиот весник Мирор тврди дека Манчестер Јунајтед испратил понуда од 60 милиони фунти за Бејл.

Мирор ја разви целата ситуација. Имено, Јунајтед сака да го замолчи негативниот публицитет кој ги следи во ова лето.

Проблемите со Руни и неуспехот во доведувањето на Алкантара укажуваат на тоа дека Мојс и Вудворд не се достојна замена за тандемот Гил – Фергусон, па Јунајтед сака бомба за да ги замолчи критичарите.

Истотака, сака да му пружи поддршка на Мојс во вид на една голема ѕвезда која што и Фергусон му ја вети како подарок за доаѓањето во Јунајтед.

Даниел Леви, директорот Тотенхем секако нема да ја прифати првата понуда. Тој е познак како тежок преговарач, а сигурно дека ќе чека понуди и од Реал Мадрид, кој, како што е познато, е заинтересиран.

Јунајтед сака Бејл да го има веќе на отворањето на сезоната и ќе проба целата работа да заврши пред тоа.

Од тактичка страна, има прилична логика во понудата на Јунајтед. Нивната лева страна е прилично тенка, а Ешли Јанд како единственото решение е повреден и имаше очајна сезона позади себе. Како присилно решение на оваа позиција се менуваа речиси сите играчи на средината на теренот и нападот.

Бејл секако би го направил Руни вишок, а Кагава би можел да ја превземе улогата на втор напаѓач позади Ван Перси.

Јунајтед сигурно очекува дека и Рајан Гигс може да помогне. Велшанецот во својот сонародник гледа идол и можноста да го наследи на Олд Трафорд секако дека му се допаѓа.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска