Јунајтед го носи најголемиот талент од академијата на Сити

Од:

Манчестер јунајтед ќе го привлече најголемиот талент од академијата на Манчестер Сити, тврди „Дејли Мејл“. Станува збор за 16-годишниот напаѓач Чарли Мекнил, кој досега има постигнато над 600 голови во својата кариера.

Младиот интернационалец од Англија одби да потпише професионален договор со „граѓаните“ и од „Олд Трафорд“ веќе се обидуваат да го натераат да ја продолжи кариерата во Јунајтед.

Двата клуба веќе преговараат за условите за обештетување. Ако не успеат да постигнат договор, случајот ќе стигне до трибунал. „Етихад“ се обидува да вклучи клаузули поврзани со идниот настап на талентираниот напаѓач.

Мекнил е поддржувач на Јунајтед и првично играше за детските екипи на „црвените ѓаволи“, но му се придружи на Сити пред шест години. Минатиот месец, тој на социјалните медиуми објави дека решил да го напушти клубот.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска