Јуан Фелипе ново засилување на Шкендија

Од:

Бразилецот Јуан Фелипе официјално е новото засилување на Шкендија од Тетово.

Веста ја потврдија челниците на шампионот на Северна Македонија, кои наведуваат дека со бразилскиот фудбалер е постигната согласност за соработка во следните две години (1+1) и дека сега веќе новиот играч на Шкендија ставил потпис на договорот.

Фелипе ќе се приклучи на екипата на Шкендија по нивното враќање до Естонија каде ќе се игра првиот квалификациски натпревар за Лигата на шампионите проти Номе Каљу, а право на игра ќе стекне на реванш натпреварот од квалификациите.

Инаку, 31-годишниот Бразилец кај актуелниот шампион доаѓа од ЦСКА Софија, а претходно три сезони бил член на Вардар, од 2015 до 2018.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска