Јоветиќ цел на Арсенал

Од:

За Стеван Јоветиќ, црногорскиот репрезентативец и член на калчолигашот Фиорентина, лондонскиот клуб Арсенал е подготвен да плати обештетување од 25 милиони фунти.

Менаџерот на „топџиите“ Арсен Венгер повеќепати истакна дека 23-годишниот Црногорец е правото решение за замена на Робин ван Перси кој минатата година од Арсенал премина во Манчестер Јунајтед.

Јоветиќ послениве неколку години е еден од најдобрите играчи на виолетовите од Фиренца, а оваа сезона на 16 првенствени средби има постигнато осум погодоци кои и помогнаа на Фиорентина да се најде во првите пет на табелата во Серија А.

Останува да се види дали италијанскиот клуб ќе ја прифати понудата на Арсенал, иако сезонава веќе одби неколку други понуди со образложение дека Фиорентина нема да се откаже од услугите на Јоветиќ во скоро време.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска