Јокиќ: Сите 30 тимови се жалат и лелекаат на судиите, ние сме само еден од нив

Од:

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, по синоќешниот пораз од Бостон селтикс (87:105), го прокоментира неговото често незадоволство од судењето.

– Мислам дека сите 30 тимови во НБА-лигата се жалат и лелекаат за судиите. Ние сме само еден од нив. Така функционира играта. Арбитрите си ја вршат својата работа. Треба да си ја завршиме и ние својата работа. Секако, понекогаш има недоразбирања, спорови, како и во секоја работа, изјави Јокиќ.

За време на тајмаут во последната четвртина од средбата, кога Селтикс направија неверојатни 31:3, Јокиќ не беше со остатокот од тимот, туку седеше на клупата за резерви.

Со биланс 34 победи и 19 порази, Денвер се наоѓа на четвртото место на табелата во Западната конференција.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа