Јокиќ по 16. пат со трипл-дабл оваа сезона, Денвер подобри од Сакраменто

Од:

Никола Јокиќ можеби имаше „лоша“ шутерска вечер, но тоа не му пречеше да стигне до својот 16. меч со трипл-дабл учинок со 16 поени, 11 асистенции и 10 скока во 115:110 победата на Денвер нагетс над Сакраменто кингс.

Српскиот центар имаше 34 миути на теренот и 0-од-5 за тројки и 6-од-16 од поле, но го забележа својот 73. трипл-дабл во НБА лигата со што е на седмото место на вечната листа во најдобрата кошаркарска лига зад Вилт Чембрлен.

Ерон Гордон имаше 23 поени и 9 скока за Денвер, Монте Морис додаде 21, додека за Сакраменто, Даерон Фокс со 26 поени и 10 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Атланта – Торонто 127:100

Чикаго – Мемфис 110:116

Кливленд – Вашингтон 92:86

Мајами – Сан Антонио 133:129

Милвоки – Бруклин 123:126

Денвер – Сакраменто 115:110

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа