Јокиќ, Букер, Тејтум и Адетокумбо блескаа изминатата ноќ во НБА

Од:

Кошаркарите на Денвер го победија Хјустон со 120:100 и ја остварија четвртата последовна победа во НБА лигата. Најефикасни во тимот на Денвер беа Џамал ​​Мареј со 26 поени, Арон Гордон со 20 поени и шест скока и Брус Браун со 18 поени.

Српскиот центар Никола Јокиќ за 27 минути постигна 17 поени и 12 асистенции, од кои 10 имаше во првото полувреме.

Во тимот на Хјустон, Кевин Портер постигна 23 поени, со шест скока и пет асистенции, Алпрен Шенгун додаде 18 поени и 11 скока, а Џејлен Грин постигна 16 поени.

Девин Букер со 51 поени, шест асистенции и четири скока го предводеше Феникс до победа од 132:113 против Чикаго.

Милвоки Бакс го победи Њујорк на гости со 103:109. Јанис Адетокумбо беше одличен, со 37 поени, 13 скока и седум асистенции.

Бостон Селтикс беа убедливи против Мајами Хит и победија со 134:121. Џејсон Тејтум беше „жежок“ и уфрли 49 поени во победничкиот тим, а Џелен Браун дополни 26 кошеви.

Резултати НБА: Кливленд – Филаделфија 113:85, Орландо – Атланта 108:125, Бруклин – Вашингтон 113:107, Њујорк – Милвоки 103:109, Минесота – Мемфис 109:101, Њу Орлеанс – Торонто 126:108, Оклахома – Сан Антонио 119:111, Јута – Клиперс 125:112, Сакраменто – Индијана 137:114, ЛА Лејкерс – Портланд 128:109.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа