Јохансон: Без Златан играме како тим, можеме да се справиме без него на СП

Од:

Едно од главните прашања на овогодинешниот Мундијал 2018 е дали Златан Ибрахимовиќ ќе игра во Русија. Тој изрази желба за такво нешто, но има и актуелни репрезентативци на скандинавската земја кои не сакаат тој да се враќа.

Шведскиот голман Карл-Јохан Јохансон верува дека неговиот тим може да игра без Златан и неговото присуство ќе ја уништи хемијата меѓу играчите.

– Мислам дека можеме да се справиме добро во Русија затоа што успеавме да се пласираме за СП и без него, но одлуката е, се разбира, на селекторот. Сигурен сум дека ако тој се придружи, ќе игра добро. Како тим, играме како колектив, сите заедно. Со Златан, како индивидуален играч, играта се врти околу него, а без него играме повеќе како тим, рече Јохансон.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он