Јавен повик за волонтери во фан зони за УЕФА Супер Купот

Од:

На 8 август за време на Супер Купот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, во Скопје ќе бидат поставени три фан зони каде љубителите на фудбалот ќе можат да се забавуваат во исчекување на големиот натпревар. За перфектна реализација на претстојните настани во самите фан зони се потребни голем број на волонтери кои ќе бидат клучни за самата организација на истите, соопштија организаторите.

За таа цел се објавува јавен повик на кој заинтересираните треба да го потполнат прашалникот за интерес на следниов ЛИНК.

Секој волонтер ќе добие рекламен материјал (маица, капче) како и благодарница за волонтирање. Волонтерите треба да се постари од 16 години и да исполнат одредени услови кои се наведени во апликацијата.

Ова е одлична можност за младите лица да се стекнат со незаборавно искуство во фан зоните на двата најголеми фудбалски клубови во светот.

Рок за пријавување на волонтери е до 10 јули 2017 година.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана