Јапонија ќе настапи со искусни и проверени фудбалери на престојното Светско првенство во Бразил кое ќе започне за точно еден месец (12. јуни).
Алберто Закерони селекторот на јапонската фудбалска репрезентација го објави конечниот список на играчи за Мундијалот во Бразил.
Италијанскиот стратег меѓу 23-цата фудбалери има дури 12 кои настапуваат во европските клубови.
Јапонија на СП во Бразил ќе игра во групата Ц против Колумбија, Грција и Брегот на Слоновата Коска.
Списокот на играчи со кои Јапонија ќе игра на Светското првенство во Бразил е:
Голмани: Еиџи Кавашима (Стандард Лиеж), Шусаку Нишикава (Урава Редс), Шуичи Гонда (Токио).
Одбрана: Масато Моришиге (Токио), Јасујуки Коно (Гамба Осака), Јуто Нагатомо (Интер), Маја Јошида (Саутемптон), Масахико Иноха (Ивата), Атсуто Учида (Шалке), Хироки Сакаи (Хановер), Готоку Сакаи (Штутгард).
Среден ред: Јасухито Едно (Гамба Осака), Кеисуке Хонда (Милан), Шинџи Кагава (Манчестер Јунајтед), Макото Хасебе и Хироши Кијотаке (Нирнберг), Хотару Јамагучи (Черезо Осака), Тошихиро Аојама (Хирошима), Манабу Саито (Јокохама).
Напад: Шинџи Оказаки (Мајнц), Какитани (Осака), Јуја Осако (Минхен 1860), Јошито Окубо (Кавасаки).