Јаневски: Веруваме дека можеме да стигнеме до позитивен резултат

Од:

Фудбалската експедиција на Вардар од денеска е во Норвешка, каде што утре „црвено-црните“ го играат дуелот од 2.коло од Лига Европа со норвешкиот шампион Розенборг.

– Имаме респект за нашиот ривал, кој е со големо искуство. Дојдовме тука да одиграме добар натпревар и се надевам на позитивен резултат. И двата тима имавме лош старт во првото коло загубивме убедливо и затоа ги посакуваме првите бодови, истакна на прес-конференцијата одржана пред тренингот на Вардар, тренерот Чедомир Јаневски.

Заменик капитенот Никола Глигоров ја потенцираше силата на утрешниот ривал.

– Знаеме против кој ривал ќе играме. Розеборг добро го имаме анализирано. Имаат добри и искусни играчи, а тука најпознат е Бендтнер. Тој има искуство од настапи во силните лиги и во репрезентацијата. Екипата на Розенборг го елиминираше и Ајакс. Имаме желба за позитивен резултат и се надевам дека утре тоа и ќе го постигнеме, рече Глигоров.

Натпреварот Розенборг – Вардар се игра на „Леркендал“ арена со почеток во 19 часот. Во истиот термин се игра и вториот дуел од групата Зенит – Реал Сосиедад.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска