Македонскиот првак Вардар и во четвртиот натпревар од Лига Европа претрпе пораз – вкупно четврти. Избраниците на тренерот Чедомир Јаневски за разлика од првиот дуел со Реал Сосиедад кога во Скопје загубија со 6:0, на синоќешниот дуел се поразени со 3:0.
– Реал Сосиедад заслужено победи. Тие се подобри од нас и тоа е очигледно, но сега разликата не беше како во Скопје. Игравме цврсто во одбраната до првиот гол, а потоа пак имавме грешки и можам да кажам дека пак примивме наивни голови. Но, имаше и подобрување во однос на претходниот дуел одигран во Скопје, изјави на прес-конференцијата тренерот на Вардар Чедомир Јаневски.
„Црвено-црните“ до крајот на групната фаза ќе одиграат уште два натпревара со Зенит на гости и против Розенборг на домашен терен.