Јакобсен победник во Оберсдорф

Од:

Норвежанецот Андреас Јакобсен победи на првата од четирите скокалници од Новогодишната турнеја што се одржа во Оберсдорф, Германија. Тој имаше скокови со должина од 138 и 139 метри и освои 308,6 поени што му го донесе првото место.

Јакобсен последен пат победи во Светскиот куп, пред две години на истата скокалница.

На втората позиција се пласира ланскиот победник и лидер во Светскиот куп Грегор Шрилецауер од Австрија, додека како трет заврши Зеверин Фројнд од Германија.

На 1 јануари во Гармиш – Партенкирхен ќе се одржи вториот натпревар од 61.то издание на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“.

Генерален пласман: Шрилецауер 528 бодови, Фројнд 490, Кофлер 428,…

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски