Денеска се одржа извлекувањето за групите за Светкосто прнвество во фудбал кое што идното лето ќе се игра во Русија.
Домаќините во Групата А како противници ги добија Саудиска Арабија, Египет и Уругвај. Светското првенство ќе го отвори Русија со Саудиска Арабија.
Актуелниот шампион Германија е во групата Ф, каде што за противници ги има Мексико, Шведска и Јужна Кореја.
Во Групата Б се среќаваат соседите Португалија и Шпанија, а освен нив во оваа група се и селекциите на Мороко и Иран.
Франција е носител на Групата Ц, каде што за противници на денешното извлекување ги доби Австралија, Перу и Данска.
Финалистот од претходното Светско првенство, Аргентина се наоѓа во Групата Д, заедно со селекциите на Исланд, Хрватска и Нигерија.
Најуспешната репрезентација од Светските првенства, Бразил е во Групата Е заедно со Швајцарија, Коста Рика и Србија.
Во Групата Г се наоѓаат Белгија, Панама, Тунис и Англија, додека во последната група Х се селекциите на Полска, Сенегал, Колумбија и Јапонија.
Светското првенство започнува на 14 јуни идната година, а големото финале е закажно за 15 јули.