Во јапонската престолнина Токио, денеска беше извршена жрепката за групите на Светското првенство за одбојкарки.
Во А-групата ќе играат: Јапонија, Холандија, Аргентина, Германија, Камерун и Мексико.
Репрезентациите на Кина, Италија, Турција, Бугарија, Канада и Куба ја сочинуваат Б-групата.
Одбојкарките на САД, Русија, Јужна Кореја, Тајланд, Азербејџан и Тринидад и Тобаго ќе се натпреваруваат во групата Ц.
Учесници во Д-групата се: Србија, Бразил, Доминиканската Република, Порторико, Казахстан и Кенија.
Поставување во вториот круг на турнирот по четири најдобри селекции од сите групи каде што по 16 национални тимови ќе бидат поделени во две групи.
Светското првенство во Јапонија ќе се игра од 29 септември до 20 октомври следната година.