Избор на Генерален секретар на РИКО во Тирана

Од:

иректорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Марјан Спасески и младинскиот претставник на Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан (РИКО), Билјана Наумовска денеска се во Тирана на вториот состанок на Управниот одбор, каде ќе вршат конечна евалуација и избор на Генерален секретар на ова регионално тело, соопштија од АМС.

– На дневен ред ќе бидат и предлозите на процедурата за избор на заменик-генерален секретар и членови на кабинетот, односно персоналот на Секретаријатот. Ова е втора средба на членовите на У.О. на РИКО, откако на 8 декември минатата година се основаше и официјално стартуваше со работа ова управувачко тело. Во У.О. на РИКО членуваат по еден државен и едне младински претставник од секоја од шесте земји на Западен Балкан, стои во соопштението.

Од АМС информираат дека со потпишувањето на Меѓународната спогодба за Регионална канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан од страна на премиерите на нашата држава, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина е поставен темелот на оваа канцеларија, која е прва од ваков вид во регионот.

РИКО преку програма за размена треба да придонесе за помирување меѓу младите луѓе од поранешните југословенски земји, како и Албанија и да ја поттикне нивната соработка.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска