Македонските интернационалци Мирко Ивановски и Муарем Муарем со своите екипи успеаја да се пласираат за баражите во Лига Европа.
Астра на Мирко Ивановски одигра дома 2:2 со Тренчин и благодарение на победата од 3:1 на првиот дуел се пласира понатаму. Ивановски во 86.минута постигна гол за 1:1, а во 44.минута доби и жолт картон.
Муарем Муарем со Карабах постигнаа победа од 2:0 на гостувањето кај Гефле во Шведска и со вкупни 3:0 за изборија за следната рунда. Муараем ги одигра последните 18 минути.
За разлика од нив двајца, Бобан Грнчаров и Омер Бишевац со нивните екипи се елиминирани.
Грнчаров со бугарскиот Ботев одигра 0:0 на „Готлиб Дајмер“ стадионот во Штутгарт со истоимениот бундеслигаш, а на првиот натпревар дома одигра нерешено 1:1.
Бишевац и неговата екипа Диферданж беа на чекор до сензација. Победија дома со 1:0 и ја анулираа предноста на норвешката екипа Тромсо, но на пенали беа послаби изведувачи и загубија со 4:3. Бишевац беше заменет во 114.минута.
Пласман во баражот по синоќешните реванш натпревари од 3.коло од квалификациите изборија екипите: Риека, Астра, Казан, Дила Гори, Кукеши, Макаби Хаифа, Карабах, Пандури, Кубан, Жалгирис, Сент Етиен, Есторил, Војводина, Тромсо, Тун, Либерец, Свонси, Трабзон, Петролул, Јаблонец, Штутгарт, Черноморец, Севиља, Рапид Виена, Стандард, Сласк, Динамо Минск, Удинезе и Актобе.
Двојките за баражите ќе бидат извлечени денеска.