Италијанските фудбалери ќе се вакцинираат пред Европското првенство

Од:

Селекторот на италијанската репрезентација Роберто Манчини состави проширен список од 35 играчи на кои ќе смета за претстојното Европско првенство со цел сите фудбалери, кои ќе играат на завршниот турнир, да бидат вакцинирани.

Нивното вакцинирање треба да почне в понеделник и предизвикува остри реакции во јавноста поради бавното темпо на имунизација во 60-милионската Италија. Досега првата доза од вакцината против коронавирус ја примиле помалку 20 милиони Италијанци, а втора доза примиле помалку од шест милиони жители.

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) претходно соопшти дека вакцинирање на фудбалерите, кои ќе настапат на Европското првенство, не е задолжително, но ги „охрабрува земјите учеснички што поголем број играчи да бидат вакцинирани“.

Италијанските медиуми јавија дека репрезентативците ќе примат вакцина од производителот „Модерна“ со цел да можат да се ревакцинираат по три недели.

Европското првенство треба да се одржи од 11 јуни до 11 јули.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска