Италијанскиот комитет донесе одлука: Забрана за сите спортски настани до 3 април

Од:

Спортот во Италија ќе биде стопиран до 3 април. Ваква одлука донесе италијанскиот олимписки комитет и се очекува да биде потврдена утре со посебен указ на италијанскиот премиер Џузепе Конте. Причината е опасноста од ширење на коронавирусот.

Утре во 15:00 часот по локално време ќе има состанок на претседателите на различните спортски федерации во земјата. Премиерот Конте и министерот за спорт Спадафора веќе се известени за одлуката на италијанскиот олимписки комитет и веројатно ќе го исполнат неговото барање.

Забраната се однесува на натпреварите во Серија „А“, но не и за меѓународното учество на италијанските тимови.

Натпреварите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа се во надлежност на УЕФА.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска