Италијански фудбалер доби зелен картон

Од:

За првпат во историјата на фудбалот еден играч доби зелен картон. Тоа се случи на натпревар во италијанската Серија Б каде е воведен експеримент на фудбалери за фер-плеј потег да им се доделува зелен картон.

На натпреварот Виртус – Виченца, гостинскиот играч Кристијан Галано призна дека помошниот судија направил грешка кога досуди корнер за неговата екипа и таквиот негов гест беше награден со зелен картон, а топката беше доделена на Виченца.

Правилото на доделување зелен картон беше воведено со цел да се подигне свеста на играчите и да се нагласат позитивните примери во италијанскиот фудбал кој во последно време е потресен од разни скандали со местени натпревари и нереди на трибините.

Зелените картони се доделуваат по завршувањето на натпреварот за да не се нарушат актуелните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска