Италијанец ѝ помогна на ЦСКА да ги победи „манекените“ од Милано

Од:

ЦСКА Москва го совлада Армани Милано со 78:75 во меч од кошаркарската Евролига, а најзаслужен за победата на „армејците“ беше италијанскиот репрезентативец Даниел Хакет.

Хакет постигна 28 поени и беше прв стрелец на средбата. Тој имаше и важна освоена топка при 76:72, а потоа даде кош за 78:72, со што го одлучи победникот. Вечерва се играат уште четири натпревари, а колото ќе се комплетира утре.

После 16 кола, ЦСКА има 11-5, што е доволно за петто место, додека Армани падна на 8-8 и се наоѓа на осма позиција.

Би можело да ве интересира

Евролигата ги објави кандидатите за МВП титулата: Реал има еден претставник

Предраг Петровиќ

Нандо Де Коло избран во Тимот на деценијата во Евролигата

А1он

Евролигашки рекорд на Ларкин, даде неверојатни 49 поени за 31 минута

Скола дебитира за Олимпија во четврток во Евролигата