Италија со гол во судиското надополнување ја победи Македонија

Од:

Македонската фудбалска репрезентација дефинитивно нема среќа во натпреварите од квалификациите за Светското првенство 2018-година во Русија.

Откако загубија во судиското надополнение од Албанија, па пропуштија шанса за нерешен резултат против Израел, македонските фудбалери синоќа во завршните мигови го загубија и натпреварот против Италија со 2:3.

Играа квалитетно, храбро и борбено. Создаваа шанси избраниците на селекторот Игор ангеловски, но на крајот пропуштија и шанса да направат големо изненадување во дуелот против фаворизираната Италија.

Токму „рисовите“ преку Горан Пандев и Илија Несторовски беа оние кои први имаа шанса за гол, но откако ги пропуштија можностите „аѕурите“ преку Андреа Белоти во 24 минута, поведоа со 1:0.

Вториот дел црвено-жолтите успеаја да направат и резултатски пресврт, па со головите на Илија Несторовски (57 минута) и две минути подоцна преку Ферхан Хасани, Македонија дојде до водство од 2:1. Имаа можност маскедонските фудбалери и за трет гол, но ударот со глава на Даниел Мојсов од 5-6 метри, легендарниот италијански голман Буфон го одбрани.

Сепак, дека Италија е светска фудбалска велесила во гостите потврдија во продолжението од натпреварот. Чиро Имобиле со двата гола беше јунакот на Италија. Најнапред во 75 минута, Имобиле израмни на 1:1, а во втората минута од судиското надополнение (90+2) ги постави и конечните 3:2 за Италија.

Во групата Г, очекувани победи остварија Израел над Лихтенштајн со 2:1, и Шпанија на гости кај Албанија со 2:0.

Македонските фудбалери можат да жалат што и по третиот одигран натпревар во овие квалификации се уште немаат освоено бод, иако реално требаше да имаат најмалку три. А, за првиот бод ќе мора да чекаат, но и да се надминат себеси во ноемврискиот дуел против Шпанија на гостински терен.

Табела: Шпанија и Италија по 7, Албанија и Израел по 6, а Македонија и Лихтенштајн 0 .

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска