Фудбалската репрезентација на Италија успешно ја заврши последната контрола пред стартот на Европското првенство во Франција. На пријателскиот натпревар одигран синоќа во Верона, Италија со 2:0 ја победи Финска.
„Aзурите“ поведоа со голот на Антонио Кандрева од пенал во 27.минута, додека вториот гол беше дело на Даниле Де Роси во 71.минута.
Италија на ЕП во првата (групна) фаза за противници ќе ги имаат селекциите на Белгија, Шведска и Република Ирска.