Светското првенство кое што следната година ќе се игра во Русија ќе биде без селекцијата на Италија, откако тие беа испаднати од Шведска во плеј-офот.
Вечерашниот натпревар во Милано заврши 0-0, што беше доволно за гостите од Шведска, кои што во првиот натпревар славеа со минимални 1-0 на домашен терен.
Ова ќе биде прво пропуштено Светско првенство на италијанската репрезентација по 1958 година кое што се одржуваше во Шведска. Последното големо натпреварување кое што помина без Италија беше Европското првенство во 1992 година.
Извлекувањето на групите за Светското првенство кое што ќе се игра во Русија ќе се одржи на 1 декември во Москва.