Италија и Шпанија одиграа без победник

Од:

Дерби натпреварот од Д групата во квалификациите за Светското првенство 2018 година, меѓу Италија и Шпанија заврши без победник 1:1.

На средбата одиграна синоќа во Торино, фудбалерите на двете селекции прикажаа борбена и на моменти остра игра која резултираше со дури осум жолти картони, како и два гола во мрежите на двете селекции.

Шпанците преку Витоло во 55-минута поведоа со 1:0, а на осум минути пред крајот (82) Даниеле Де Роси од пена израмни на 1:1 поставувајќи го конечниот резулат на натпреварот.

Во оваа група во која е и селекцијата на Македонија која синоќа во Скопје беше поразена од Израел со 2:1, се одигра уште еден натпревар во кој Албанија како гостин славеше победа над Лихтенштајн со 2:0.

По две одиграни кола, на табелата лидер е Албанија со максимални 6 бодови, додека Шпанија и Италија имаат по 4, Израел 3, а Македонија и Лихтенштајн се без освоен бод досега.

Во следното 3.коло кое на програмата е веќе во недела (9 октомври) ќе играат: Израел – Лихтенштајн (од 18 часот), Македонија – Италија, Албанија – Шпанија (20:45 часот).

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он