Исланд стана најмалата нација која што изборила пласман на Светско првенство, билет за Русија обезбеди и селекцијата на Србија

Од:

Победувајќи вечерва против Косово, Исланд обезбеди пласман на Светското првенство кое што следната година ќе се игра во Русија, со што стана најмалата нација што некогаш обезбедила пласман на завршница од еден мундијал.

Тие завршија како првопласирани во групата И од квалификациите со 22 освоени поени, пред Хрватска, која вечерва славеше на гости во Украина и го обезбеди второто место и бараж натпревар за билет за Русија.

Вечерва се одиграа и натпреварите од групата Д каде што како првопласирана пласман во Русија обезбеди репрезентацијата на Србија со 21 освоен поен, пред Ирска која што има 19.

Во групата Ц, актуелниот светски шампион Германија со 10 победи од 10 натпревари и гол разлика од +39 без конкуренција избори пласман во Русија, а во оваа група втората позиција ѝ припадна на Северна Ирска, која освои 19 поени.

Репрезентацијата на Полска е патникот за Русија од групата Е, каде што со 25 поени, заврши на првата позиција пред Данска, која што освои 20.

Селекцијата на Англија со 26 освоени поени и како убедлив фаворит заврши првопласирана во групата Ф, пред Словачка и Шкотска кои имаа по 18 поени. Како второпласирана во оваа група сепак е Словачка со гол разлика од +10. Дали Словачка ќе игра во баражот, останува да се види утре во зависност од резултат кој што ќе го оствари Грција, која што во моментов има 19 поени.

Во групата во која што настапува Македонија, со 28 освоени поени од можни 30 на првото место заврши репрезентацијата на Шпанија, додека второ место и борба во баражот обезбеди Италија со 23 поени. Македонија заврши на 5. позиција во групата со освоени 11 поени.

Утре се играат натпреварите во групите А, Б и Х. Во групата Х, Белгија веќе има обезбедено пласман со 25 поени, пред Грција и Босна и Херцеговина кои имаат по 16, односно 14 поени.

Во групата А во моментов прва е Франција со 20 освоени поени, пред Шведска со 19 и Холандија со 16. Франција утре на домашен терен ја пречекува репрезентацијата на Белорусија, додека Шведска и Холандија играат меѓусебен натпревар.

Интересна е ситуацијата во групата Б, каде што Швајцарија има 9 победи од 9 досегашни натпревари и 27 поени, а втора е Португалија со 24, меѓутоа доколку во утрешниот меѓусебен натпревар слави репрезентацијата на Португалија тие ќе изборат директен пласман на Светското првенство, а Швајцарија ќе треба да игра бараж.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он