Иско, големо засилување за Севилја

Од:

Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид, Иско Аларкон, ќе биде дел од Севилја во следните две сезони. Клубот потврди дека постигнал договор со шпанскиот репрезентативец, останува само тој да ги помине медицинските прегледи в понеделник.

Тој пристигнува на „Рамон Санчез Пижуан“ како слободен играч откако му истече договорот со „кралевите“. Главната причина поради која ја избрал понудата на Севилја е Хулен Лопетеги, кој долго време го посакуваше во својот тим. Иско ги намали и финансиските барања за да го олесни процесот на преговори.

Иско помина девет сезони во Реал, а во последните години, тој играше се поретко.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Лас Палмас се изгубија на аеродром и доцнеа на летот за Севиља

Горан Наумовски

ВИДЕО: Од трибините го погодија голманот на Севиља, го заврши дуелот со конци на главата

Љубовта пукна по само шест месеци – Иско ја напушти Севилја

Севилја и Баерн го договориле трансферот на Нианзу

Диего Карлос ја заврши сезоната

Баерн – Севиља ќе се игра пред навивачи

А1он