Инзаги: Осумте победи на Лацио во низа не се случајни

Од:

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги ја коментираше победата над Каљари (2:1) на натпреварот од 16. коло од италијанскиот шампионат. Римскиот тим постигна два гола во судиското надополнување за осма победа по ред во италијанскиот шампионат.

– Не ни беше лесно да реагираме по примениот гол. Чувствувам дека моите играчи заслужено победија на крајот. Замените беа пресудни. Морам да ја симнам капата пред Каљари. Тие се многу организирани, имаат темпо, многу е тешко да се победи во оваа страствена атмосфера. Среќен сум што имам играчи кои тренираат многу напорно. Не е случајно што се наоѓаме во серија од осум победи. Со право гледаме кон врвот на табелата во Серија А, изјави Инзаги.

По 16. коло Лацио е е трет на табелата со 36 бода, три помалку од водечкиот тандем Интер и Јувентус.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска