Дарко Велковски, младинскиот репрезентативец на Македонија и играч на Работнички е цел на калчолигашот Интер пишува порталот www.magazineinter.it кој е близок до големиот италијански и европски клуб.
19-годишниот Велковски кој игра во среднaта линија, на овој портал е претставен како играч кој може да ги достигне величините на Андреа Пирло.
– Велковски е играч од средниот ред кој може да покрива различни улоги и има извонреден преглед на играта. Тој ќе биде новиот Пирло, стои на италијанскиот портал.
Италијанскиот портал најавува дека Велковски на „Џузепе Меаца“ ќе пристигне на почетокот на идната година за сума од три милиони евра.
Освен Интер за македонскиот фудбалски талент се заинтересирани и португалска Бенфика и бундеслигашот Волфсбург.