Интер заинтересиран за Манџукиќ

Од:

Калчолигашот Интер размислува за потпишување на договор со поранешниот напаѓач на Јувентус, Марио Манџукиќ, јавуваат италијанските медиуми.

Сега фудбалерот е слободен агент. Претходно тој го раскина договорот со катарскиот клуб Ал-Духаил.

Според „La Gazzetta dello Sport“, во хрватскиот фудбалер Интер гледа играч кој доколку е потребно може да го замени Ромелу Лукаку. Интер нема да мора да плати надомест за тоа, што ја зголемува веројатноста за трансфер.

Извршниот директор на „Нероазури“, Џузепе Марота, кој претходно работеше во Јувентус, сака да го види Манџукиќ во тимот.

Триесет и четиригодишниот Хрват се пресели од Јувентус во Ал-Духаил во декември 2019 година и оттогаш постигна еден гол за катарскиот клуб на седум натпревари.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска