Несогласувањата со Роберто Манчини кој јавно изјави дека Насри не е ниту половина играч од минатата сезона го става Французинот на излезна врата од Сити.
Интер ќе се обиде да ги искористи несогласувањата на Самир Насри и менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини и по крајот на сезоната да го донесе играчот во своите редови.
Италијаниските и англиските медиуми тврдат дека Интер е подготвен да одвои 23 милиони евра за услугите на францускиот интернационалец кој не ужива во довербата на Манчини и оваа сезона во Премиер лигата постигна само еден погодок.