Интер со пресврт до трите бода на дуелот со Фиорентина

Од:

Во последниот натпревар од 5.коло од Серија А, фудбалерите на Интер синоќа на домашен терен ја совладаа Фиорентина со 2:1, иако по еден час игра губеа со 1:0.

Гостите од Фиренца преку Џузепе Роси од пенал (60.минута) дојдоа во водство, изедначи Естебан Камбијасо во 72.минута, а победата на „неро-азурите“ им ја донесе Џонатан во 83.минута.

Со оваа победа Интер фати приклучок со екипите од врвот на табелата.

Резултати на другите натпревари од овој круг во Италијанското фудбалско првенство: Удинезе – Џенова 1:0. Болоња – Милан 3:3, Киево – Јувентус 1:2, Лацио – Катанија 3:1, Ливорно – Каљари 1:1, Наполи – Сасуоло 1:1, Парма – Аталанта 4:3, Сампдорија – Рома 0:2 и Торино Верона 2:2.

Табела: Рома 15 бода, Интер 13, Наполи 13, Јувентус 13, Фиорентина 10,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска