Интер постигна седум голови во дуелот со Сасуоло

Од:

Фудбалерите на Интер ја остварија првата победа во новото првенство на Серија А. Тие на домашен терен во рамките на 2.коло убедливо со 7:0 го совладаа Сасуоло.

Хет трик постигна Мауро Икарди, додека стрелци на другите четири голови беа Пабло Освалдо (два), Матео Ковачиќ и Фреди Гуарин.

На другите натпревари одиграни попладнево: Лацио – Чезена 3:0, Наполи – Киево 0:1, Фиорентина – Џенова 0:0, Каљари – Аталанта 1:2 и Сампдорија – Торино 2:0.

Вечерва во терминот од 20:45 часот играат Парма и Милан.

На вчера одиграните натпревари: Јувентус – Удинезе 2:0 и Емполи – Рома 0:1. Последниот натпревар од второто коло се игра утревечер меѓу Верона и Палермо. На врвот на табелата со максимални 6 бодови се Јувентус и Рома.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска