Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез може да го напушти клубот за време на зимскиот преоден рок, пренесува „Goal.com“.
Според порталот, раководството на клубот од Милано по елиминацијата од евро-куповите е подготвено да се раздели со 23-годишниот Аргентинец.
Летото, Барселона покажа интерес за напаѓачот. Интер е подготвен да го пушти играчот за 100 милиони евра.
Оваа сезона во Серија А, Мартинез одигра 10 натпревари, постигна пет гола и оствари две асистенции.