Интер не се откажува од Матиќ

Од:

Интер нема намера да се откаже од идејата за привлекување на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ за време на јануарскиот преоден рок, тврди Goal.com.

Тренерот на тимот од Милано, Антонио Конте по секоја цена го посакува српскиот репрезентативец на „Меаца“ и е убеден дека со неговите квалитети екипата ќе може да се бори против Јувентус за титулата во Серија „А“.

Искусниот 31-годишен халф во моментов ја грее клупата под раководство на Оле Гунар Солскјер и тврди дека сака да го напушти клубот што е можно порано.

Неговиот договор е до крајот на сезоната и тој ќе има право да преговара со кој било тим од зимата за прелиминарен договор.

Сепак, идејата на Интер е да го привлече од јануари, а за неговите права ќе му плати симболична сума на Јунајтед.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска