Интер славеше на гостувањето кај Сасуоло со 4:3 и со новите три бода, сега е со минимално заостанување од еден бод зад лидерот на Серија А, Јувентус.
Гостинските фудбалери со по два гола на Лаутаро Мартинес и Ромелу Лукау, имаа водство од 4:1, но Сасуоло кој традиционално е незгоден ривал за Интер, даде два гола, па наместо комотен триумф, во последните минути гостите од Милано грчевито се бореа за да ја задржат предноста.
Во мај 2007 година, последен пат се имаше случено двајца играчи на Интер да дадат по два гола на ист натпревар. Интер сега против Сасуоло има по три победи и порази, па единствен клуб против кој „нераѕурите“ имаат негативен скор во меѓусебните дуели е Јувентус.